Во работна посета на Општина Охрид делегација од Костур, Р. Грција, предводена од вицегувернерот Димитриос Савополус

0
17

Денеска во работна посета на Општина Охрид ја примив делегацијата од Костур, Р. Грција, предводена од вицегувернерот Димитриос Савополус, претставници од Археолошкиот завод за антиквитети, од Регионалниот фонд за развој и советници од Градоначалникот, напиша на својот ФБ профил заменик градоначалникот Перчо Божиновски.

Во објавата Божиновски додава:

Целта на средбата беше воспоставување соработка меѓу соседните области коишто имааат слични карактеристики. Воспоставување комуникации и спопделување корисни практики кои во иднина би овозможиле реализирање заеднички проекти.

На состанокот се разговараше за туристичките ориентации на Охрид како најголем туристички центар во Македонија, бројот на странски туристи и културни карактеристики на градот, како и инфраструктурните предизвици со кои се соочува.