Еруптираше индонезискиот вулкан Мерапи

0
24

Вулканот Мерапи во Индонезија еруптираше денес, ширејќи вжарена лава по планината, јавува Анадолу.

Мерапи е најактивен вулкан меѓу 120 вулкани низ светот. Во 2010 година од ерупцијата на овој вулкан животот го загубија 347 лица, а раселени беа 20.000.

Вулканот висок 2.968 метри оддалечен е околу 30 километри од Јогјакарта, древниот центар на јаванската култура и седиште на кралските династии. Околу четврт милион луѓе живеат во круг од 10 километри околу вулканот.

Индонезија, архипелаг со 270 милиони жители, подложна е на земјотреси и вулканска активност бидејќи се наоѓа покрај т.н. „Огнен прстен“ во Тихиот Океан.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.