Левица: Вечна слава на Илинден и АСНОМ!

0
141

Вековниот стремеж и безрезервната борба на македонскиот народ за своја Држава се издигнал над материјалните околности кои го потиснувале низ двата Илиндена – оној во 1903 година и во 1944 година, се вели во објавата на ФБ од Левица.

Во продолжение ја пренесуваме истата во целост:

На првиот Илинден преку востание трасиран е патот кој ќе доведе до тоа на вториот Илинден преку народна револуција македонскиот народ меѓународно да се етаблира како еднаков со сите светски народи и со ексклузивно право да ја избира сопствената судбина во сопствена Држава.

Денес, на 120 години од Илинденското востание, и 79 години од Првото заседание на АСНОМ низ историски ревизионизам се извртуваат вистините за овие историски настани, минимизирајќи ги жртвите на генерациите на македонски револуционери кои положувајќи ги своите животи го ртат никулецот на Слободата на Македонија!
Како и претходно, така и сега, поривот за Слобода кој е содржан во националната свест на Македонците, неминовно ќе се ослободи од оковите на денешницата во кои пробуваат да ја поробат домашните предавници и великодржавните апетити наспроти Република Македонија.

Вечна слава на Илинден и АСНОМ!
Смрт на фашизмот – слобода за народот!