Мицкоски од Мечкин Камен: Илинден е темел на Македонија, тие се бореа за слобода, денешната борба е за достоинство и единство

Дозволете ми најпрво од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани во Македонија да им го честитам овој национален и државен празник, бидејќи Илинден за сите нас претставува темел на нашиот идентитет, борба за државност. Ден за кој што многу наши браќа и сестри во минатото го положиле својот живот, ја дале својата крв за да можеме ние денеска слободно да живееме во независна држава Македонија.

И овој ден Илинден претставува водилка како треба да живееме и како треба да ја чуваме нашата држава Македонија во иднина. А само тоа место Мечки Камен одекнува и денеска, има големо и силно значење и денеска, затоа што во една нерамноправна борба четата на војводата Питу Гули борејќи се со повеќе броен аскер го положи својот живот, даде жртва за слободата која што ние денеска ја живееме.

И денеска македонскиот народ, граѓаните во Македонија покажуваат пркост и знаат за што се борат, а се борат за својот идентитет, за својата држава и достоинствена иднина. Тоа е онаа порака која што денеска од мое име од името на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ од ова место од Мечкин Камен ја упатува до сите граѓани во Македонија.

Денеска од претставниците на власта ќе слушнете многу изјави, но додека ги зборуваат тие изјави пред медиумите знајте дека под маса договораат дополнително да го распродадат македонскиот супстрат и македонскиот идентитет за ден повеќе во фотелјите и ден повеќе да можат да ја пљачкаат и крадат Македонија.

Но, пораката за единство на македонскиот народ е пред и над се, и тоа е порака која што денеска ја упатуваме од овде, од Мечкин Камен, затоа што кога македонскиот народ, кога граѓаните во Македонија се единствени, дури ни таков тип на политичари немаат никаков ефект и ништо не можат да направат. Само единствени ќе дојдеме до посакуваната цел, а тоа е Македонија која што ќе биде просперитетна, Македонија мајка на сите граѓани, развиена, Европска земја.

Извор: ВМРО ДПМНЕ