МКД.МК: Свирежи на Мечкин Камен, граѓани извикуваа „Никогаш северна, само Македонија“

Талат Џафери, претседателот на македонското Собрание и владината делегација денеска беа исвиркани за време на пристигнувањето на илинденската прослава на Мечкин Камен. Дел од присутните граѓани додека тие се движеа по патеката кон Мечкин Камен свиреа и извикувааа „уа, уа, уа“ и „никогаш северна само Македонија“, објави mkd.mk.

Со скандирање „Македонија, Македонија“ беа поздравени коњаниците кои пристигнаа во Крушево, оддавајќи почит и продолжувајќи ја традицијата. Потоа беа пеени патриотски песни.

На Мечкин Камен присутни беа и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

извор:mkd.mk