(ФОТО) На Илинден исчкртана бистата на полицаецот Стојменовиќ кој загина во Диво Насеље, како и иконите од осветениот крст во селото

Синоќа е откриено сквернавење на споменикот на загинатиот бранител во борбите во кумановско Диво насеље, Горан Стојменовиќ како и на иконите кои се дел од осветениот крст поставен во истиот парк во Инџиково.

Бистата со неговиот лик е исчкртана со спреј, а пречкртана е и плочката со неговото име и пораката „Хероите живеат вечно“.

Според информациите од жителите, со спреј се прекриени и иконите од осветениот крст во селото.

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски побара итно и неодложно превземање на сите законски дејствија од страна на Министерството за внатрешни работи и час поскоро сторителите на овој чин да бидат изведени пред лицето на правдата.

Стефковски порача дека ваквиот сторен чин на големиот македонски празник Илинден и христијански празник Св. Илија преставува срамен и кукавички чин кој е за најостра осуда.

Стојменовиќ трагично го загуби животот при полициската операција за неутрализирање на терористичката група во кумановската населба Диво насеље на 10 мај 2015 година.

извор: локално