Во вештачкото езеро Глажња, пронајдено телото на 29-годишниот локален жител

– Спасувачките тимови попладнево во вештачкото езеро Глажња во општина Липково го пронајдоа телото на 29- годишен локален жител по кого се трагаше неколку дена.

Директорите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов и Беким Максути, денеска беа на терен кај вештачкото езеро.

Во потрагата на момчето кое минатата недела исчезна во водите на вештачкото езеро беа вклучени шест нуркачи од „Тигрите“, осум нуркачи од „Волците“ тимови и нуркари од ДЗС.

извор: МИА