На само 13 години, Пакистанецот Алираза Куреши станал мигрант. Заминал од дома без документи и без родители, со намера да стигне во Германија. По неколку неуспешни обиди, стигнал до Северна Maкедонија каде живее веќе 5 години.
Овде нашол и работа и љубов. Работи како преведувач бидејќи зборува девет јазици. Има 25 години и дозвола за привремен престој во земјава по хуманитарни причини, која ја обновува година за година, но вели, решен е да остане со надеж дека ќе добие македонско државјанство.
slobodnaevropa.mk