Турски инженер им овозможи на мобилните телефони „да гледаат“ тродимензионално

0
338

Турски истражувач од Универзитетот „Стенфорд“ во Калифорнија успеа да постигне тридимензионалност во фотографијата и сликите со изум кој користи многу ниска енергија, е ефтин и се карактеризира со високи перформанси, кој може да се интегрира во камерите на мобилните телефони, јавува Агенција Анадолија (АА).

Истражувањето на Окан Аталар беше објавено во списанието „Нејчр“ минатиот месец заедно со уште тројца научници од истиот универзитет.

За Агенција Анадолија Аталар изјави дека слични истражувања на терен го привлекле светското внимание во последниве години.

Тој рече дека иако перформансите на постоечките оптички системи кои можат да мерат длабочина со камери се многу ниски и се проследени со високи трошоци, по четиригодишна работа, тие создадоа едноставен уред што може да се додаде на постоечка камера.

„Она што го прави овој уред посебен е тоа што е многу евтин. Моментално таква технологија не е достапна на пазарот, а оптички уред кој овозможува перцепција на длабочина троши 100, можеби 1.000 пати повеќе енергија од камерата. Со нашиот уред, перцепцијата за длабочина може да се постигне со многу ниска енергија, многу евтино и со високи перформанси“, рече тој.

Аталар објасни дека со овој изум, кога се слика фотографијата, осветленоста и бојата како и оддалеченоста може да се види во секој пиксел.

„Технологијата што ја развивме ќе ја унапреди виртуелната и аугментираната реалност и метауниверзумот, подобрувајќи ги неговите перформанси“, нагласи Аталар.

По објавувањето на истражувањето, Аталар рече дека им се јавиле инвеститори и истражувачки институции од Силиконската долина и им дале понуда за инвестирање.

Велејќи дека тие сè уште не одлучиле за најдобрата примена на технологијата, Аталар додаде дека сметаат дека системот може да се користи на роботи и паметни телефони, но може да се користи и во инфрацрвени камери, што ќе овозможи да се сними оската на длабочина преку едноставна интеграција со која било камера.

извор: Агенција Анадолија (АА)