Бектеши на Тирана економски форум: Со реализација на големи инвестиции во обновливи извири на енергија ги зголемуваме домашните капацитети и во услови на криза

„Северна Македонија има преземено низа мерки за справување со енергетската криза, било да се тоа времени мерки, кои имаат за цел да го намалат негативното влијание, особено за социјалните случаи на граѓаните, мерки за зголемување на производството на елекрична енергија од домашни извори, но и намалување на цената на струјата за домаќинствата”, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на Тирана економскиот форум.

Министерот Бектеши кој говореше на панел дискусијата насловена „Енергетската политика во Албанија – Постигнување на енергетска независност и издржливост во енергетската криза” истакна дека со цел да се стимулираат потрошувачите да штедат струја во време на криза во финална фаза се реформите во делот на тарифите за електрична енергија, со поставување тарифни блокови.

„Направивме реформи во делот на тарифи за електрична енергија со што ќе се виведат блок тарифи со цел да ги стимулираме потрошувачите да штедат електрична енергија особено во услови на криза” кажа Бектеши.

Министерот додаде дека Северна Македонија започна процес на олеснување на процедурите за инвестиции во обновливи извори на енергија, вклучително и ветерна и сончева енергија.

„Северна Македонија почна да ги олеснува процедурите за инвестиции во обновливи извори на енергија, вклучително и ветер и сончева енергија, така што обезбедивме дополнителни можности секое домаќинство да има можност да инвестира сопствени фотоволтаични панели со што секое домаќинство ќе може да се продава на пазарот по истата цена што ја купуваат од универзалниот снабдувач. Микро и малите компании ќе имаат можност да инсталираат до 40 kw со истиот модел”, кажа Бектеши.
Со олеснетите мерки, како што додаде министерот Бектеши, ќе се зголеми инсталациониот капацитет на електрична енергија од сонцето, дури и само кај домаќинствата и микро и малите компании во следните две години околу 150 до 180 мегавати, не земајќи ги предвид тековните инвестиции во Северна Македонија од 140 мегавати и од приватни инвеститори во фотоволтаични центри.

Меѓу другото, министерот Бектеши истакна дека треба да се насочат субвенциите, пред се на социјалните категории или домаќинства, семејства на кои тоа навистина им е потребно.

„Треба да се насочи потребата од субвенции и помош, имајќи предвид дека треба да им се помогне на социјалните категории или на оние домаќинства, на семејствата на кои навистина им е потребна и не можат да си ја дозволат почетната инвестиција со сопствени средства, но и во стимулација или иницијатива за кредитни линии што ги имаме. како што имплементира Северна Македонија преку Банката за развој која е во состав на Министерството за финансии во РСМ” додаде министерот за економија Крешник Бектеши.