Син го запалил својот татко, па го изгаснал огнот со ќебе, соопшти СВР Битола.
Вчера, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода Т.И. (20) од прилепско село затоа што физички го нападнал својот 51-годишен татко. Според пријавеното, тие и на 11-ти овој месец имале семејна расправија, по што Т.И. со запалива течност го полил и запалил татка си, по што веднаш потоа со ќебе го изгасил огнот.
Т.И. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
фото: Архива