Тој е момче со само 18 години и срце полно со ентузијазам и желба за знаење. Неговите компјутерски вештини и научни истражувања се вистинска инспирација за сите негови врсници.
– За жал, во моментов тој е соочен со најголемата животна битка. По несреќниот случај што му се случи пред неполн месец додека беше на летување во Калитеа, сега се наоѓа на одделот за интензивна нега во болница во Солун. Неговата состојба е критична. Има повреда на третиот, четвртиот и петтиот пршлен, поради што дише на апарати и не може да ги движи своите екстремитети. Храбро помина неколку хируршки зафати, но понатамошните медицински третмани и рехабилитација освен што од него ќе бараат многу сила, чинат и голема сума на финасиски средства. Драги добри луѓе, за оваа борба за животот на Леонид, потребни се 200.000 евра. Секоја мала или голема донација значи. Ова е борба за неговото оздравување, како и за враќање на можноста да го следи својот пат, своите мечти и амбиции. Лео секогаш со гордост кажуваше дека е од неговата Македонија. Време е сите ние да ја оправдаме онаа големина која тој знаеше дека ја носиме во себе. „Свети Спас“, како организација која секогаш ја предводи битката за хуманост и шанса за подобар живот и овој пат ќе направи се што е во рамки на своите можности за оваа борба да има позитивен исход. Апелираме и до вас, до сите кои можете и сакате да бидете дел од битката на Лео. Отворете ги срцата и и придружете се на оваа хуманитарна акција, порачуваат организаторите на акцијата за собирање помош.
Донациите може да се направат со повик на телефонските броеви (100 денари од повик):
А1: 143 500
Телеком: 143 118
Или преку сметка:
Од Македонија: 210-7000006805-91 НЛБ БАНКА
Од странство: IBAN: MK07210501567799991
SWIFT: TUTNMK22
NLB BANKA AD SKOPJE