Силно невреме вчера доцна попладне го зафати северот на Црна Гора и нанесе голема штета на земјоделците, особено во општина Бијело Поље, а една слика од социјалните мрежи стана вистински хит.
На сликата, маж во шорцеви и маица влече две деца на санки преку патеката што ја оставил градот зад себе, која ги уништи посевите во оваа црногорска општина.
Градот ги уништи посевите во Томашево, Равна Риека, Рибаревине, Затон… Штетите се огромни. Во близина на Бијели Поље е забележано санкање среде август по наносите на град.
Невремето го зафати целото подрачје на северна Црна Гора, но освен во Бијело Поље, нема вести за можни штети на посевите во другите општини.