Чимс, кучето кое е познато на Интернет, почина, се бореше со рак на панкреас

Чимс, кучето кое е познато на Интернет и е ѕвезда на многу „мимс“, угина, потврдија неговите сопственици на социјалните мрежи.

12-годишното куче, чие вистинско име е Балце, припаѓа на расата Шиба Ину и се бореше во последните неколку месеци со рак на панкреасот.

„Бал Бол беше заспан на 18 август, во петокот наутро при неговата последна операција“, се наведува во пораката.

Сопствениците велат дека по таа операција сакале да му вклучат хемотерапија или друг третман, но дека „сега е доцна“.

Сопствениците на оваа интернет ѕвезда во прошталната порака ги замолија сите да не бидат тажни и „да се сеќаваат само на радоста што на многумина им ја донесе Чимс“.