Денес еден од најпосетуваните манастири, Свето Преображение во Крушево, посебното место на Тоше

Нашиот легендарен никогаш непреболен Тоше Проески со посебна жар зборуваше за неговиот манастир – манастирската црква во крушевското село Селце, која го носи името „Свето Преображение Господово“.

Денеска се одбележува овој голем празник, а Македонците, иако Тоше не е повеќе меѓу нас, се сеќаваат на него, неговата вера и добрина, и љубовта кон овој свет храм.

Сите граѓани на Крушево помагаа во градбата на манастирскиот комплекс, а голема улога во неговата обнова имаше трагично загинатиот, нашиот, Тоше Проески кој донираше многу средства за негово возобновување и не се срамеше да каже дека и тој помагаше во физичката работа при градбата.

– Овде ми е мирот, и после се знам дека еден ден ќе завршам тука, велеше Тоше.

 

skopjeinfo.mk