(ВИДЕО) Ковачевски да одговори со чија согласност беше уништена шума со површина 7000 метри квадратни во општина Пробиштип за потребите на приватен инвеститор, велат од ВМРО ДПМНЕ

0
605

Би сакале да ја искористиме најавената посета на Премиерот Ковачевски и министерката за труд и социјална политика Тренчевска на Пробиштип во текот на утрешниот ден и да поставиме неколку прашања, се вели во објавата на ФБ од ВМРО ДПМНЕ Пробиштип.

Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:

Дали Премиерот планира да направи увид на инвестицијата за фотоволтаици во атарот на село Неокази, каде за потребите на инвеститорот беше исечена борова шума со површина од околу 7000м²!?

Дали ќе побара одговор од надлежните институции кои беа јавно повикани да постапуваат во конкретниот случај и што тие имат превземено!?

По кој закон и со чија согласност беше уништена единствената шума што живот значи за месното население!?

Дали Премиерот е запознаен дека во Општина Пробиштип се купени и се уште се купуваат повеќе стотина хектари земјиште со намена за изградба на фотоволтаици, од страна на неколку “човек- фирми” со сомнителен капитал, најблаго речено!?

Зошто баш во Пробиштип се случува тоа!?

Министерката Тренчевска пак би сакале да ја прашаме колку согласности има издадено МТСП за вработување во Детската градинката која го носи името на најголемиот македонски син “Гоце Делчев” а кој во моментов е предмет на преговори и распродажба!?

Веднаш да кажеме дека ние не сме против да се вработуваат соодветни и квалитетни кадри, но сакаме да прашаме дали МТСП го има истиот однос и го применува истиот аршин и кон општините каде СДС не е на власт!?

На крајот ги охрабруваме и замолуваме медиумите да ги постават овие прашања на преставниците на централната власт кои утре ќе ја посетат Општина Пробиштип.

извор: ВМРО ДПМНЕ Пробиштип