Министерството за внатрешни работи информира дека попладнево имало пукање во гаражите на трговскиот центар „Ист Гејт“ во Скопје, но дека нема повредени лица.
„На 25.08.2023 околу 15.50 ч. во СВР Скопје е добиена пријава дека во гаражите на трговски центар во Скопје едно лице кое било со патничко возило „ауди“, пукало кон Р.Т. (39) од Скопје, но не го погодило. Во возилото, според пријавеното, имало уште едно лице. Повредени лица нема“, велат од МВР.
Во моментот полицијата врши увид. Засега нема информации кој пукал и кои се причините.
Неофицијално, станува збор за скопјанецот Раде Трајковски-Штекли кој беше баран со меѓународна потерница и во 2021 година беше уапсен во Белград и е екстрадиран во Скопје.