Двете лица кои попладнево пукале кон екстрадираниот бегалец ја запалиле колата што ја користеле

Колата која ја користеле двете лица кои попладнево пукале Раде Трајковски Штекли во гаражите на „Ист гејт“, е пронајдена запалена кај езерото Треска во близина на Грчец, дознава Телма од извори на истрагата.

„На 25.08.2023 околу 15:50 часот во СВР Скопје е добиена пријава дека во гаражите на трговски центар во Скопје едно лице кое било со патничко возило „ауди“, пукало кон Р.Т. (39) од Скопје, но не го погодило. Во возилото, според пријавеното, имало уште едно лице. Повредени лица нема. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.“, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

извор:МВР