Во Македонија се испитува јавното мислење за Кина и нејзиното влијание

0
274

Анкета во која меѓу другото има прашања кои се однесуваат и на влијанието на Кина во Македонија и Европа се спроведува деновиве во земјава.

Анкетарите покрај прашањата за енергетската криза, за енормните поскапувања на основните животни намирници и политиката, поставуваат и прашања поврзани со Кина.

Па така сетот прашања за Кина изгледа дословно вака:

Дали мислите дека Кина е влијателна земја во светот ?

Дали мислите дека Кина има влијание на војната во Украина ?

Дали мислите дека Кина може да влијае на решавање на конфликтот во Укранина ?

Колку е Кина влијателна во Европа ?

По ова следува прашањето:

На чија страна сте во војната во Украина ? За Русија или за Украина ?