Вчера на граничниот премин „Долно Блаце“ МВР уапсила лице од Албанија барано со потерница. При апсењето, лицето физички ги нападнало полицајците.
-На 25.08.2023 во 20,45 часот на граничен премин „Долно Блаце“ од полициски службеници е лишен од слобода Н.Н.(45) од Р.Албанија затоа што по извршена пасошка контрола е констатирано дека истиот во службената евиденција евидира со мерка „Апси” издадена од Секторот за меѓународна полициска соработка – Интерпол при МВР. Исто така Н.Н. физички нападнал полициски службеници при вршењето на службените дејствија. Лицето е предадено на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје за понатамошна постапка, соопштија од МВР.
извор: МВР