Криминалите на ДУИ немаат крај, Бујар Османи поклонува 1.8 милиони евра на најголемиот донатор на партијата, велат од ВМРО ДПМНЕ

Бујар Османи преку МНР, ќе и исплати на фирмата Еуровиа ДООЕЛ 1,8 милиони евра, пари на граѓаните, за преадаптирање на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ за конференција на министерскиот совет на ОБСЕ, која истовремено е и најголем донатор на ДУИ.

Истата фирма Еуровиа, која е на Елмедин Адеми, внук на поранешниот министер на ДУИ, Абдулаќим Адеми, добила два милиони евра, за изградба на новата полициска станица во Аеродром, како и тендерот за реконструкција и пренамена на објекти за Универзитетот „Мајка Тереза“, реагираат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.

Сопственик на Еуровиа ДООЕЛ е фирмата „Еуровиа Холдинг“, во која освен Елмедин, како сопственик се води и Елдин Адеми, главен човек, на огранокот на ДУИ, во Јегуновце.

ДУИ од страна на Елмедин Адеми како донација добила 2.509.200 денари, што е три пати над законскиот лимит за донација од физичко лице, а воедно „Еуровиа“ како правно лице, има донирано 1.845.000 денари, во 2022-ра година.

Ова класичен пример, до која мера во ДУИ се влезени во криминали и крадење на парите на граѓаните, со цел нивно лично богатење.

Одговорност ќе има, во тоа да бидат сигурни, секој кој направил криминал, ќе го стигне правдата, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

извор: ВМРО ДПМНЕ