Пејачката Северина (51) времето го поминува во познатото летувалиште Сен Тропе во пријатно друштво. Покрај пријателите, пријатна летна вечер, ни помалку ни повеќе ja помина и со познатата холивудска ѕвезда Џаред Лето (51).
Северина на една социјална мрежа се пофали со фотографија на која позира со американски актер и музичар, a остави и хумористична порака.
„Лето 2023 година“, напиша пејачката.
Следбениците беа воодушевени, а многумина коментираа за начинот на кој Џаред ја гледа Северина.
„Најдете некој што ќе ве гледа како што Џеред ја гледа Северина“, „Се заљуби“, „Како те гледа“, „Леле“, напишаа фановите.
Севе го привлече вниманието во долг розов фустан со длабоко деколте, додека актерот го предизвика воодушевувањето на многу обожаватели со колоритната модна комбинација.
vecer.press