За да го најде изгубеното куче ангажирала јасновидци и детективи

0
297

Парис Хилтон одлучила сепак да ја сподели веста дека нејзиното куче Дајмонд Бејби исчезнало.

Иако не сакаше да зборува за ова, се надева дека преку социјалните мрежи полесно ќе го најде својот миленик.

 
„Ова е неверојатно тешко да го објавам бидејќи останам без зборови. Дајмонд Бејби го нема никаде од минатата среда. Семејството и пријателите ми помогнаа да го обиколам целото маало, одевме од врата до врата, но не ја најдовме“, напиша таа.

Нејзиното семејство и таа одлучија да ги испробаат сите начини за да дојдат до кучето.

„Најмивме детектив за миленичиња, јасновидци и проучувавме да го побараме кучето со помош на дронови. Правам се што е во моја моќ да го вратам“, додала богатата наследничка.

Парис истакнала дека е многу тажна без неа.

„Се чувствувам како дел од мене да недостасува и ништо не е исто без неа. Таа ми е се, како ќерка. Бевме неразделни, таа ми беше најдобра пријателка и секогаш покрај мене“, напиша Парис.

Како што истакнала, се плашела да ја објави веста за исчезнувањето на нејзиното сакано куче бидејќи луѓето знаат да бидат сурови, но сега е очајна и само сака да го најде, а на пронаоѓачот му ветила награда.

 

24info.mk