(ВИДЕО) Им го уништи моментот на запросување!

„Слатки сте. Убаво си наместил. Тортата е убава. Може да го видам прстенот? Уште го немаш ставено?“ вели жена, која му упаднала на пар среде запросување во смешно, но и иритирачко видео споделено на ТикТок.

Зеника Ланза од Филипините и нејзиниот дечко биле на одмор, кога тој решил да ја запроси.

Дечкото приредил навистина романтично запросување – на плажа поставил шатор, а пред шаторот масичка и перници за седење. На масичката ставил торта со прашањето „Ќе се омажиш ли за мене?“

Пред шаторот поставил и знак со истото прашање. Но, романтичниот миг бил уништен од несовесна жена.

Целиот миг е овековечен на смешно, но и иритирачко видео кое Зеника го споделила на ТикТок.

„Ве молам бидете внимателни со важните моменти на луѓето. Никогаш не знаете што уништувате!“, пишува во описот.

Во видеото се гледа како Зеника и дечко ѝ му се доближуваат на шаторот.

„Видов шатор додека одевме по плажата. Прочитав нешто на тортата. Повторно ја проверив пораката“, открива Зеника во видеото.

Во тој миг, дечко ѝ го извадил прстенот, но Зеника забележала како жена оди кон нив.

Знакот што го наместил дечко ѝ паднал, па жената почнува да го мести, додека саканиот ѝ држи говор за кој Зеника вели дека го вежбал со недели.

Во еден миг, парот почнува да се бакнува со надеж дека на жената ќе ѝ стане непријатно. Но, таа останува таму.

Штом го мести знакот, жената не си заминува, туку му се доближува на парот и му зборува:

„Слатки сте. Убаво си наместил. Тортата е убава. Може да го видам прстенот? Уште го немаш ставено?“

Откако дечкото ѝ го ставил прстенот, жената продолжува да им зборува:

„Па, ќерка ми е следна. Ја видовте? Онаму е“.

 

@warngwarng Soooo, this happened today… Still on cloud nine! 💞 Mahal na mahal kita! 💙 Can’t wait to be your wifeee. 💝 #proposalvideo #engagement #wedding #proposalgoals @Jerolle Espinili ♬ i can’t help it – JVKE