Почина Мохамед Ал-Фаед, бизнисменот чиј син почина со принцезата Дајана

Бизнисменот со индиско потекло Мохамед Ал Фајед почина на 94-годишна возраст, јави Би-Би-Си. Тој е татко на Доди Ал Фајед , кој загина со принцезата Дијана во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година.

„Г-ѓа Мохамед Ал Фајед, нејзините деца и внуци сакаат да потврдат дека нејзиниот сакан сопруг, нивниот татко и нивниот дедо, Мохамед, почина мирно на старост во средата, 30 август 2023 година. Тој уживаше долго и исполнето пензионирање, опкружен од неговите најблиски“, соопшти синоќа неговото семејство.

Мохамед Ал Фајед е поранешен сопственик на Хародс и англискиот фудбалски клуб Фулам. Во неговите подоцнежни години тој не се појавуваше во јавноста, живеејќи на неговиот имот во Сари со неговата сопруга Хејни. Роден е во Египет. Прво градејќи деловна империја на Блискиот Исток, тој се преселил во Велика Британија во 1970-тите.