Српската пејачка Теа Таировиќ откри дека од првиот хонорар кој го заработила можела да купи само неколку ситници.
„Мојата прва заработка беше доволна само да купам сендвич, кафе и мастики“, изјавила пејачката за Курир.
Пејачката неодамна била и гостинка на свадбата на српскиот пејач Дарко Лазиќ каде му ја честитала свадбата на својот колега и рекла: „Честитки. Дарко се женеше три пати, а Теа никогаш. Никогаш не ја замислував мојата венчавка ниту како дете. Замислував некои други работи, но не и свадбата”.