X со нова пилитика, ќе собира биометриски податоци од корисниците

Платформата Х (Твитер) ќе собира биометриски податоци на своите корисници, пренесува Танјуг.

Колекцијата на биометриски податоци, кои се однесуваат на физичките атрибути на личноста како скенирање на лице или отпечаток од прст, е наменета за корисниците на услугата X Premium, наведува Би-Би-Си.

Повикувајќи се на ажурираната политика за приватност на X, оваа платформа исто така ќе може да собира информации за образованието на корисникот и минати работни места.

Во изјавата на X се вели: „Можеме да ги собереме и користиме вашите лични податоци (како што се вашата историја на вработување, образовна историја, преференции за вработување, вештини и способности, активност за барање работа и ангажман итн.) за да ви препорачаме потенцијални работни места, да ги споделите со потенцијалните работодавци кога аплицирате за работа, за да им овозможат на работодавците да најдат потенцијални кандидати и да ви покажат порелевантно рекламирање“.

Новата политика за приватност стапува на сила на 29 септември.

 

 

vecer.press