Бриони – едниственото место на Јадранот кое е „застанато“ во времето од Тито

Нема место на Јадранот каде што не е навлезен модерен туризам, каде што не се реновирани хотели и не се отворени бројни ресторани и кафулиња, освен  наБриони.

Таму како времето да застанало, се е старо, запоставено. Еден од трите хотели, Кармен, нема ниту клима во собите, бањите речиси се распаѓаат, а нема ниту рецепција.

Љубителите на голф можат да се обидат во овој елитен спорт на неколку дупки, но тој е далеку под стандардот што преовладува во голфот.

Сафарито во кое имало животни кои ги добил на подарок поранешниот владетел  Јосип Броз, сега е речиси пусто, останале само зебри, ноеви, говеда, а останати се само слонот од времето на Тито и папагалот Коки.

republika.mk