(Видео) Страшен директен судар на автопат во Србија: Има и жртви

Возачот на „фиат пунто“ кој под сè уште неразјаснети околности се нашол во спротивен правец на автопатот „Милош Велики“ во правец кон Белград, на лице место им подлегнал на повредите.

Во првите неколку часа било неизвесно дали ќе преживее и покрај повредите опасни по живот, но лекарите не можеле да го спасат. Како што дознава „Курир“, зад воланот на „пунтото“ бил Д.Ј., кој имал околу 50 години.

Неговиот совозач Н.К.(40) се здобил со тешки телесни повреди опасни по живот и е пренесен на одделението за интензивна нега на Ургентниот центар.

Зад воланот на „хјундаито“ во кое удрило „пунтото“ била Д.П.(30). Таа е повредена и немало шанса да реагира кога го видела автомобилот како доаѓа кон неа. По несреќата била свесна, комуникативна и пренесена во „КБЦ Земун“.

tocka.mk