(ВИДЕО) Небесен спектакл од метеор над небото во Турција

Спектакуларната сцена од прелетување на метеор по ноќното небо во Турција е снимена случајно додека татко го снимал своето дете на игралиште во градот Ерзурум.

Би-би-си пренесува дека Онур Качмаз е автор на видеото во кое во еден момент темното небо наеднаш блесна и стана смарагдно зелено.

Се вели дека снимката е направена додека метеорот минувал над Ерзурум во провинција на истокот на земјата.

Британскиот медиумски сервис наведува дека облаците како да се „запалиле“ бидејќи во тој момент метеорот ја пробил горната атмосфера на Земјата и наеднаш почнал да се загрева поради триење.

 

 

express.mk