Адријана Ацеска, или Адријана Кеш, вчера објави на социјалните мрежи дека се откажува од настапот затоа што никој не и кажал дека тоа ќе биде партиски настан, иако со години го организира општинската организација на СДСМ од Кисела Вода.
„Почитувани, сакам и јас да се обратам во врска со настанот кој треба да се случи на 8 септември. Во текот на договорот никој не спомна дека ова ќе биде партиски поврзано. Рекламата ја видов утрово. Не сум партиски определна ниту ќе бидам, така да јавно се откажувам од овој настап за кој уште еднаш ќе кажам, требаше да биде народен собир, а не партиски собир“, напиша Адријана Ацеска.
Со свое образложение на социјалните мрежи се јави и Татјана Лазаревска која образлижи детално на кој начин биле поканети на ваков настан, пртоа незнаејќи дека во позадина стои друг озрганизатор.
Во врска со настапот на „8 Септември“ сакаме да информираме дека ние нема да настапиме, а воедно и да дадеме појаснување, што навистина се случи.
Наш колега музичар не покани да настапиме, но ни кажа дека тоа е концерт на „Мерак меана“, телевизиска емисија, која го третира македонскиот фолк. Секако прифативме, бидејќи фолк музиката е нашиот живот. Но, од Фејсбук дознавме за што всушност станува збор и затоа го ОТКАЖАВМЕ нашиот настап. Нас, како професионални музичари, не не интересира политика, не сакаме да бидеме поврзувани со ниедна партија и ќе останеме доследни на нашата љубов кон музиката и за музиката. Во име на музиката се оградуваме од сите политики. Нашиот престој во ТАТКОВИНАТА, освен да си дојдеме дома, да се видиме со најблиските, пријателите, роднините и публиката е и да создадеме нови МАКЕДОНСКИ фолк песни. Тоа и го направивме, а ќе имате прилика деновиве да ги слушнете нашите две нови песни и видео записи.
Нека е за многу години Денот на независноста на Македонија! МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!