Што носат Измените во Кривичниот законик – Груевски се ослободува од „ТНТ“ и од „Траекторија“ веднаш, од „тенк” в година, се запираат и „кинеските автобуси“ ….

Со намалувањето на казните за Злоупотреба на службената положба и овластувањата и за кривичното дело злосторничко здружување, за кои се обвинети или осудени ексфункционерите од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски се ослободува веднаш од пресудата од 9 години затвор во предметот „ТНТ“ каде од политичка одмазда урива комплекс „Космос“, како и од обвинението за криминал со кинеските автопати, познато како „Траекторија”, велат пресметките на поранешни обвинители од СЈО, објави sdk.mk.

Груевски нема да може веднаш да се врати од Будимпешта, ќе треба да почека уште една година, да застари пресудата за влијание врз Гордана Јанкулоска незаконски да набави скап мерцедес за него од парите на полицијата.

Груевски е осуден и во „Насилство во Општина Центар“ и во „Плацеви на Водно“, предмети кои не се засегнати од измените, но бидејќи му се судеше во отсуство, тој може да бара повторување на постапката.

Со измените, каде затворските казни за овие кривични дела значително се менуваат, веднаш се прекинува и кривичното гонење на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев за кинеските автобуси, за што првостепена пресуда треба да има денеска, потоа на Сашо Мијалков во „Тврдина-Таргет”, а најверојатно и во „Трезор” за кои апелационите судии Енвер Беџети и Лирије Елези со чување во фиока се погрижија да помогнат во истекот на време, т.е. во застарувањето.

Натаму, Миле Јанакиески и сообвинетите или другите осудени, се ослободуваат од случаите „Топлик” и „ТНТ”.

Текстот во целост на: sdk.mk.