На социјалните мрежи се шири вирална снимка од еден панаѓур која насмеа многумина. Имено, пејачот го прекинал својот настап за да ги извести посетителите за една непријатна ситуација, а видеото стана хит.
Ако некој го види Боро Мајсторовиќ, нека оди да го исклучи рингишпилот. Не знаат да го исклучат, веќе 20 минути врти“, е реченицата која ги насмеа луѓето до солзи.
Ljudiiii pic.twitter.com/X0PcAuaUlz
— Seka Aleksic (@poslednjilet) September 2, 2023
За жал, не е познато дали Боро го „исклучил рингишпилот“, но луѓето секако имале што да кажат.
„Боро мајсторе, ќе живееш 200 години“, „Боро ја оставил ринглата вклучена дома, морал брзо да замине“, „Боро мајсторе, помагај“, „Најлошо е што не е монтажа, позади се гледа полудениот рингишпил“, се некои од коментарите упатени до најважниот човек на саемот.
Platiš 2 minute a dobiješ 20 🤣🤣🤣
Boro, Boro pic.twitter.com/MMdaJ0Qm07— Aj Em Zabezeknut (@ausvajs) September 3, 2023
„Замисли да останеш заглавен на вртелешка и те врти 20 минути“, коментирал некој, а друг се надоврзал: „Инфинити наградно возење“.