Светлана Цеца Ражнатовиќ е позната како личност која нема влакна на јазикот, а особено е строга кога нешто ја попречува во работата.
Неодамна фолк дивата имаше настап во странство, поточно во Штутгарт, кога реши да реагира поради потег на гостите.
Познато е дека на пејачката и пречи чадот и дека не сака да има специјални ефекти на нејзините настапи.А пред неколку дена се изнервира бидејќи на гостите во дискотеката со прскалки им носеле шампањ.Таа дури го прекина настапот и престанала изведбата некое време и ги предупреди дека можат да уживаат без сите други да знаат.
-Пијте шампањ, но без овие прскалки. Ме удавивте. Можете да пиете шампањ без да свети, ве молам, рече Цеца и доби овации, а потоа продолжи со настапот.
Ajd nek sad zasvetli pic.twitter.com/sG6JFwAzMS
— KRLS (@ZlocinIzSlasti) September 9, 2023
kurir.mk