Вулканот Килауеа на Хаваи, островска држава во западниот дел на Соединетите Американски Држави (САД), повторно се активираше по повеќе од два месеца пауза и почна да испушта лава, но на безбедно растојание од населените места, објави Геолошкиот институт на САД (USGS), пренесува Анадолу.
Според информациите добиени од Геолошкиот институт на Соединетите Американски Држави (USGS) од Опсерваторијата за хавајски вулкани, експлозијата се случила околу 03:15 часот по локално време во кратерот на врвот на вулканот Килауеа, кој се наоѓа во националниот парк Хаваи вулкани.
По ерупцијата, Хавајската вулканска опсерваторија го подигна нивото на тревога за вулканот од „надзор“ на „предупредување“. Властите споделија информации дека вулканската активност е ограничена во паркот.
„Почетните фази на ерупциите се динамични“, се додава.
Килауеа, еден од најактивните вулкани во светот, еруптира одвреме-навреме од 1983 година.
Ерупцијата се случи на 7 јуни, а нејзината активност престана на 21 јуни во кратерот на врвот на вулканот Килауеа.
извор:Анадолу.
фото:Анадолу.