(ФОТО) Џими по разводот со својата нова убавица замина на одмор по Јадранот

Откако по 22 години и брак и професионална соработка во нивната група „Молика“, музичарот Џими Мицевски и пејачката Анета Мицевска се разделија, секој приватно тргна на своја страна. И обајцата го потврдија разводот, како и тоа дека повеќе не живеат под ист покрив, но договорот да се исполнат до крај договорените обврски со групата (свадби, настапи, турнеји… ) до август следната година – останува да се испочитува.

 

Сепак, иако летото за естрадата важи за „сезона на жетва“, сепак многумина од нив наоѓаат малку слободно време и за себе, да одморат и да ги наполнат батериите. После месеците напорна работа и пред се’ турболентна приватност, на Џими и тоа како му требаша начин да ги тргне мислите, ослободи умот, релаксира душата…

Затоа музичарот заедно со својата нова убавица, заминал на приватна турнеја, овој пат во посета на некои од најубавите локации на бившата СФРЈ. Разбирливо, Јадранот летно време е неизбежен, а сообраќајните гужви кои се вообичаени на патиштата и граничните премини, за да ги избегне му помогнала токму споменатата „убавица“ со која шефот на „Молика“ вешто ги минувал и километрите и гужвите и границите.

Впрочем, кога Џими ќе ја јавне, задоволството ништо не може да го запре! Дива како ждребица, црна како пантер, брза како гепард, елегантна како газела, моќна како анаконда, убавото и корисното Џими го споил уживајќи во возењето со својата нова Хонда.

vistina.com.mk