More

    Писонеро: ЕУ загрижена од измените на Кривичниот законик

    Силни критики пристигнаа од Европската Комисија поради содржината, но и начинот на усвојување на измените на Кривичниот законик. Според Комисијата, Македонија се обврзала да го промовира владеењето на правото и да се бори против неказнивоста и затоа, санкциите за корупциски активности мора да бидат ефективни и соодветни, објави Алсат.

    „ЕУ со загриженост забележува дека некои од измените во Кривичниот законик усвоени во забрзана постапка од Собранието на Северна Македонија со кои се намалуваат максималните законски казни и се предизвикуваат импликации врз примената на принципот на застареноста, влијаат врз голем број случаи на корупција на високо ниво“, вели Писонеро.

    Од Брисел, како што се додава, жалат што измените претходно не биле предмет на широки консултации и било употребено европското знаменце. Од друга страна, според премиерот Димитар Ковачевски, Европската Комисија не навела дека европското знаменце било злоупотребено, туку само дека било употребено. Коментирајќи ги критиките, Ковачевски додаде дека измените на Кривичниот законик се поради усогласување со европското законодавство. Како пример ги посочи искуствата од Германија и Словенија.

    Текстот во целост на: Алсат

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    27.8 ° C
    27.8 °
    27.8 °
    28 %
    2.1kmh
    20 %
    Thu
    28 °
    Fri
    28 °
    Sat
    29 °
    Sun
    28 °
    Mon
    27 °
    spot_imgspot_img