Прво во СВР Скопје во 21:30 часот било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.П.(42) и М.Н.(28), двете од Скопје. Од полиција велат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Р.Д.(33) од Скопје, пак, утринава во 2:40 часот во СВР Скопје пријавила дека околу 0:30 часот во клуб за игри на среќа на подрачјето на Центар била физички нападната од женско лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.