More

    Лога: По примерот на Босна и Херцеговина и ние треба да изградиме затвор според највисоките европски стандарди

    Министерот за правда Кренар Лога за време на работната посета на БиХ го посети најсовремениот затвор на Балканот во сараевската населба Илиџа, кој е изграден според највисоките европски стандарди. Со изградбата на оваа установа се намали пребукираноста во затворите. Европската Унија за него издвои над 11 милиони евра финансиски средства. Има капацитет за 300 затвореници и 50 места за притвор. Располага со најсовремено опремени простории, спортски терени, работилници, храната се служи во ќелиите а има и посебна просторија за молитви и практикување на релегија.

    Со цел да се преземат конкретни мерки и активности за подобрување на состојбата во казнено поправните установи во нашата држава, министерот за правда Кренар Лога оствари средба со вицегувернерот на Банката за развој на Совет на Европа, Томаш Бочек и Арно де Вердиер ,кантри менаџер од Банката за развој на Советот на Европа.

    Министерот Лога беше информиран за Проектот за „Реконструкција на казнено-поправните установи во Република Северна Македонија“ кој се спроведува со кредит од Банката за развој на Советот на Европа. Од страна на претставниците на Банката беше побарано во најкус можен рок преземање на ефективни мерки за санирање на оштетувањата и штетите настанати во полу отвореното и отвореното одделение во КПУ Идризово.

    Успешната реализација на Проектот претставува само една од основите за подобрување на целокупната состојба со условите во затворите, третманот и постапувањето со притворените и осудените лица како и постигнување на ресоцијализација на лицата кои издржувале казна затвор .

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    27.8 ° C
    27.8 °
    27.8 °
    28 %
    2.1kmh
    20 %
    Thu
    28 °
    Fri
    28 °
    Sat
    29 °
    Sun
    28 °
    Mon
    27 °
    spot_imgspot_img