More

    Мароко: Во земјотресот целосно или делумно уништени 50.000 објекти

    Околу 50.000 станбени објекти целосно или делумно се уништени во разорниот земјотрес што го погоди Мароко, јавува Анадолу.

    Вчера се одржа вонреден состанок под претседателство на кралот Мухамед VI, со цел да се активира итната програма и да се задоволат потребите на прифатилиштата за погодените од земјотресот, како и да се достави потребната помош.

    Во соопштението по состанокот беше наведено дека во регионите погодени од земјотресот целосно се урнати или делумно се оштетени околу 50.000 куќи и дека државата обезбеди итна помош во вредност од 30.000 дирхами (околу 3.000 долари) за погодените семејства.

    Директна финансиска помош од 140.000 дирхами (околу 14.000 долари) ќе биде обезбедена за целосно урнатите куќи и 80.000 дирхами (околу 8.000 долари) за делумно урнатите куќи.

    Земјотрес со магнитуда од 7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мароко на 8 септември во 23:10 часот по локално време, со епицентар во областа Ел-Хуз во Маракеш.

    Освен Маракеш, земјотресот ги погоди и главниот град Рабат и градовите Казабланка, Мекнес, Агадир и Фес.

    Мароканското Министерство за внатрешни работи соопшти дека според последните податоци во земјотресот животот го загубиле 2.946 лица, а повредени се 5.674 лица.

    извор:Анадолу.

    фото:Анадолу.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    27.8 ° C
    27.8 °
    27.8 °
    28 %
    2.1kmh
    20 %
    Thu
    28 °
    Fri
    28 °
    Sat
    29 °
    Sun
    28 °
    Mon
    27 °
    spot_imgspot_img