More

    Акциска контрола во угостителски објекти на СВР Битола: Точење алкохол на малолетници, пронајдена дрога…

    На 15/16.09.2023 во периодот од 23:30 до 02:10 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола спроведена е акциска контрола на подрачјето на Битола во угостителски објекти, при што во еден објект во Битола затекнати се 50 малолетници после полноќ, од кои 18 консумирале алкохол. Тие се предадени на нивните родители, а по документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.

    На 15.09.2023 во 22.15 часот полициски службеници од СВР Битола во угостителски објект во Битола ги лишиле од слобода Л.К.(31) од Скопје и В.М.(22)од Битола, кај кои е пронајдена бела прашкаста материја.

    На 16.09.2023 во периодот од 00.00-04.00 часот на подрачје на Прилеп спроведена е акциска контрола во угостителски објекти при што во угостителски објект во Прилеп затекнато е едно малолетно лице после полноќ, кое е предадено на родителите, а по документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

    извор: МВР

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    27.8 ° C
    27.8 °
    27.8 °
    28 %
    2.1kmh
    20 %
    Thu
    28 °
    Fri
    28 °
    Sat
    29 °
    Sun
    28 °
    Mon
    27 °
    spot_imgspot_img