Седум сестри со моминско презиме Бериша, отвориле фамилијарен бизнис со пецива среде пандемија, во Скопје.
Одат напред водени од родителските совети за храброст и упорност и поддржани од двајцата браќа и од сопрузите. Најбарана им е флијата или ѓомлезето, подготвено на традиционален начин.
Во нивната фурна тие го имаат главниот збор. Сепак, најглавна од сите, велат, е нивната мајка, а отворени се и за предлозите на браќата.
slobodnaevropa.mk