Стоилковски: Од јавен интерес е да се знае зошто се дадени рекордни 40 милиони евра за лиценци?

СДС и власта не одговориле до сега, ниту пак ЈО не покажа интерес дали зад 40 милиони евра договори не стои колегијалноста, пријателството можеби на Ковачевски со Марко Андонов од Аитоникс?

Од јавен интерес е да се одговори зошто се срушени сите рекорди во пари за тендери од ваков тип? Во три години, 15 па 25 милиони евра, за иста услуга?

И зошто за прв пат беше воведена пракса вакви договори да се прават на три години?

Како е можно Секретарот на Влада, да даде толкав тендер на колега на тогаш министер, а сега премиер, плус тоа сега и на странски дипломат? Владата во 2021 го прифаќа Андонов, колегата на Ковачевски, за дипломат, конзул на Грузија во Македонија и му отвора конзулат. Ваков тип на договори, односно лиценци за  програми треба да овозможат и безбедност, а тоа се дава на странски дипломат?

Почитувани, што тоа е подобрено во овие три години за да се плаќа 10 милиони евра повеќе? Се што значи компјутер и администрација колабираше во овие три години- од катастар, преку МВР, здравство, правда, судство, матична евиденција, онлајн образование.

Почитувани може да молчат и молкот е потврда дека зад оваа зделка лежи можна корупција и можен криминал!

 

 

vmro dpmne