More

    Македонката Катерина Николоска се стекна со интернационална „А“ судиска лиценца во џудо

    Катерина Николоска се стекна со интернационална „А“ судиска лиценца во џудо. Ова е едно од највисоките судиски достигнувања на наш судија, а е и меѓу избраните и на Балканот.

    Со оваа лиценца Николоска може да суди на континентални и светски првенства.

    Семинарот и испитот се одржаа во Калгари, Канада, под водство на професор Даниел Ласкау (ИЏФ рефери хеад директор).

    Катерина е македонска спортистка која по прв пат ја претставуваше нашата држава на Олимписките игри во Рио де Жанеиро 2016 во Бразил, а со континентална судиска лиценца се здоби 2018 година во Прага, Чешка.
    ipon.mk
    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    27.8 ° C
    27.8 °
    27.8 °
    28 %
    2.1kmh
    20 %
    Thu
    28 °
    Fri
    28 °
    Sat
    29 °
    Sun
    28 °
    Mon
    27 °
    spot_imgspot_img