More

    Застрелано цело семејство во Чикаго, убиени дури и нивните три кучиња

    Полицијата пронајде четири мртви лица во куќа во областа на Чикаго. Станува збор за двајца родители и две деца кои се убиени во нивниот дом.

    Во неделата вечерта, член на семејството ја известил полицијата и побарал од нив да го проверат семејството затоа што една од жртвите не се појавила на работа тој ден, изјави заменик-началникот на полицискиот оддел во Ромеовил, Крис Бурн.

    – Не веруваме дека сторителот во моментов е меѓу жртвите. Не се работи за убиство и самоубиство. Во куќата најдовме три кучиња, тие исто така беа застрелани и убиени – рече Бурн на прес-конференција, пренесува NBC News.

    – Родителите се идентификувани како Алберто Ролон и Зоралда Бартоломеи. Сѐ уште не се знае дали се во брак, но тие се родители на двете деца кои беа застрелани. Познат е и идентитетот на малолетникот, но поради чувствителната природата на истрагата, не можеме да ги објавиме нивната возраст и пол – додаде тој.

    Една од жртвите не се појавила на работа во 6 часот наутро во неделата и не одговарала на телефонски повици во текот на денот, поради што членовите на семејството се загрижиле – соопшти полицијата.

    Телата биле откриени во неделата навечер. Детективите веруваат дека пукањето се случило помеѓу 21 часот во саботата и 5 часот наутро во неделата. Мотивот сѐ уште не е познат.

     

     

    plusinfo.mk

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    27.8 ° C
    27.8 °
    27.8 °
    28 %
    2.1kmh
    20 %
    Thu
    28 °
    Fri
    28 °
    Sat
    29 °
    Sun
    28 °
    Mon
    27 °
    spot_imgspot_img