Во Косово национален ден на жалост поради нападот врз полицијата

0
177

Косовската претседателка Вјоса Османи одлучи да го прогласи понеделник за национален ден на жалост по судирот меѓу полицијата и вооружените напаѓачи, при што загина еден полицаец, а друг беше ранет, јавува Анадолу.

„Претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, за поддршка на Уставот на Косово одлучи понеделник, 25 септември 2023 година, да биде прогласен за ден на жалост во чест на полицаецот Африм Буњаку, убиен на северот од земјата“, соопшти Претседателството вчера.

Премиерот Албин Курти преку платформата Х истакна дека наредникот Буњаку е „убиен од терористи во раните утрински часови, вршејќи ја својата должност – заштитата на територијалниот интегритет и владеењето на правото на нашата земја“.

Уште еден полицаец е ранет во судирот меѓу полициската патролна единица и група вооружени етнички Срби во Северно Косово.

Групата вооружени Срби го блокираа мостот што води кон селото Бањска, кое се наоѓа во близина на градот Митровица, со два камиона без регистарски таблички.

Престрелката избувнала откако групата отворила оган врз полицијата, која пристигнала на местото за да го истражи проблемот.

Во регионот беа пратени голем број безбедносни сили, а затворен беше и граничниот премин Брњак меѓу Косово и Србија.

извор: Анадолу.

фото: Анадолу.