На 24.09.2023 во 13.30 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба ја лишиле од слобода Н.С.(73) од Скопје, затоа што во домот со тврд предмет го нападнала нејзиниот 74 – годишен сопруг. Таа е спроведена до здравствена установа за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
извор: МВР