Владата на денешната седница донесе две одлуки со кои ќе влијае на намалување на цените на 25 категории од прехранбени производи. Гарантираната цена, освен кај прехранбените производи, од утре ќе важи и за безалкохолните пијалаци, газираната и негазираната вода и пивото.
Покрај оваа одлука, денеска Владата на седница донесе одлука и за намалување на маржите кај овошјето и зеленчукот. Со ова се очекува намалувањето на цените да биде од 10 до 30 проценти.
Овие производи ќе добијат ознака „гарантирана цена“, кои во маркетите ќе се продаваат до 30 ноември.
Ковачевски смета дека има доволно време да се направи корекција на цените
„Кога се работи кога се зголемувањето на цените тоа може да биде и преку ноќ, така што истото тоа може да биде направено и за намалувањето на цените“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.