Почина Весна Крстева, главен уредник на Канал77

Рано изутрината не’ напушти нашата Весна Крстева(57), главен уредник на Канал 77.

Крстева имаше 28 години плодна радиска кариера, која траеше се’ до петокот, 15 септември, кога, и самата незнаејќи, се одјави со своите последни вести на националното радио. На уредничкото место беше 13 години.

Секој кој ја познаваше лично, знаеше дека беше најпозитивниот човек, насмеана дури и во најтешките моменти. И ова не е фраза. Избираше да го гледа доброто кај луѓето, така и живееше. Свртена кон своите професионални обврски и желбата за што подобра иднина на семејството, кон своите две деца, кои пораснаа во прекрасни личности.

mms.mk