Заврши акцијата на косовската полиција во Бањска, патот и понатака блокиран

Завршена е акцијата за пребарување на околината на селото Бањска во општина Звечан, потврди за Радио Слободна Европа заменик директорот на полицијата за северниот регион Ветон Елшани.

Сепак, тој истакна дека влезот на ова место се уште е блокиран, што значи дека можат да влезат или да излезат само оние кои живеат таму и имаат итна потреба да се преселат.

„Понатамошните чекори ќе се решаваат утре по 9 часот“, рече тој.

Косовската полиција ја истражува областа околу Бањска од 24 септември, кога во раните утрински часови група маскирани и вооружени лица ја нападнаа полицијата на северот на Косово. Во таа прилика беше убиен еден полицаец, додека во размената на оган полицијата убила тројца напаѓачи од српска националност.

Осуммина од нив се уапсени и обвинети за: тероризам, постапување против уставниот поредок и безбедноста на Косово.

 

 

 

slobodnaevropa.mk